Павел Недвед и Андреа Ањели се осудени на една година затвор

224

Некогашните први луѓе на тимот на Јувентис, Андреа Ањели кој ја извршуваше функцијата претседател, како и Павел Недвед некогашниот потпретседател на клубот, поради финансиски малверзации се осудени на по една година затвор.

Сепак, среќа во несреќа за обајцата е дека се работи за условна казна. Другите двајца осуден се Фабио Паратичи, поранешниот спортски директор и Чезаре Габасио поранешниот директор на правната служба на клубот. Сите се изјаснија за виновни и постигнаа договор за признавање на вина со обвинителите.

Ањели е осуден на 1 година и 8 месеци, Недвед на 1 година и 2 месеци, а Паратичи и Габасио на по 1 година и 6 месеци.

Процесот ги имаше зафатено и Стефано Черато, некогашниот финансиски директор на Јуве како и Марко Ре кој ја извршуваше истата функција. Оперативниот директор Стефано Пертола исто така. Сите овие се осудени на една година казна затвор, која што пак казна беше заменета со парична казна. Обвинувањата против некогашниот извршен директор Маурицио Арибаване беа отфрлени. Клубот инаку е казнет со над 150.00 евра.

Сите гореспоменати се суспендирани и имаат забрана за бавење со фудбал поради фалсификување на финансиски извештаи и неправилности во работењето.

 

 

ПретходноФермин паузира три недели, Гави оди на операција
СледноЧетворица македонски судии дел од АБА лигата