„Знаеме каква атмосфера не очекува во Битола, но веруваме дека можеме да им создадеме проблеми„

92
Фото: gog.dk

Пелистер е целосно насочен кон мечот против ГОГ на домашен терен во рамките на третото коло во Лигата на шампиони. Актуелниот првак има победа и пораз, против Загреб и ПСЖ покажа дека оваа сезона ќе биде уште понезгоден противник и за големите фаворити.

Ракометарите на Пелистер како и секогаш имаат одлична атмосфера на домашен терен, така беше против Загреб, така ќе биде и утре против ГОГ. Последниот меч овие два тима во 2021 година, а победник беше македонскиот првак, славеше со 32-31.

Од ГОГ се свесни дека во Битола нема да биде лесно, но се надеваат дека ќе успеат да им создадат проблеми, поточно да дојдат до првите бодовои во новата сезона.

„Со нетрпение очекуваме да играме во атмосфера која ќе биде и забавна и интензивна. Имаме голема почит кон Пелистер, кој одлично ја започна својата сезона во Лигата на шампионите. Но, исто така веруваме дека и ние имаме свои квалитети кои можат да им создадат проблеми“, изјави тренерот Каспер Кристенсен

Дуелот меѓу Пелистер и ГОГ е закажан за утре со почеток во 20:45 часот.
ПретходноНа 87 години почина хрватската тениска легенда
СледноПановски: Доаѓам во Битола да ги земам 3-те бода!