Ливерпул се огласи откако Салах не ја доби „Златната топка“

185

Ливерпул се огласи на социјалните мрежи откако Мохамед Салах заврши разочарувачки четврти на списокот за „Златната топка“.

Ѕвездата на Ливерпул имаше брилијантна сезона со „црвените“ минатата сезона, учествувајќи во 57 од головите на тимот. Иако еден од фаворитите, Салах не присуствуваше на церемонијата за доделување на „Златната топка“.

Ливерпул на церемонијата беше претставен од капитенот Вирџил ван Дајк, голманот Алисон Бекер и менаџерот Арне Слот.

Откако Салах заврши четврти, а Дембеле беше прогласен за најдобар играч во светот, Ливерпул одговори на социјалните мрежи.

„Салах со сезона за воодушевување“, напиша Ливерпул, објавувајќи неколку фотографии од својот играч.

ПретходноДембеле се расплака, неговата мајка излезе на сцена (ВИДЕО)
Следно„Додека оди и дише – Јокиќ е најдобриот играч на светот“