Официјално: Пелистер – ГОГ….РАСПРОДАДЕНО! (ФОТО)

119

Она што вчера беше најавено, денеска е и официјално. Утрешниот меч од 3.коло во Лигата на Шампионите меѓу Пелистер и ГОГ ќе се игра пред преполни трибини во салата “Боро Чурлевски“ во Битола. Попладнево раководството на нашиот шампион преку социјалните мрежи и официјално потврди дека салата за утрешниот меч е РАСПРОДАДЕНА.

Секако дека Кузмановски, Митревски и останатите, ќе имаат супер поддршка од трибините.

Да потсетиме дека Пелистер во 1.коло забележа победа против Загреб, а во 2.коло на гостувањето кај ПСЖ беше многу блиску до подвиг.

Утре мечот започнува во 20:45.

ПретходноЕвропската одисеја на КК Пелистер продолжува во Загреб!
СледноУ-15: Македонија со победа против Косово во Приштина!