Попладнево екипата на Вардар одигра пријателски меч со екипата на Престон Лајонс од Австралија на кој гостите славеа со 4:2.
Мечот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Гостите поведоа со гол уште во 19. минута, по што вардар израмни во 35. Минута преку Спахиу.
Во вториот дел гостите дојдоа до предност од 3:1, по што Вардар со вториот гол на Спахиу од пенал намали на 3:2. До крајот Престон постигна и четврти гол за конечна победа.
Инаку, пред почетокот на пријателскиот меч, капитенот на гостите доби плакета за легендарниот Андон Дончевски, кој е прогласен за почесен претседател на Вардар. Нашите сонародници од Австралија ќе имаат чест и мисија ова признание лично да му го предадат на Чичко Дончо.