Братот на Луис Хамилтон избега од пожар во автомобил на Силверстон! (ВИДЕО)

23
фото: Lewis Hamilton our champion (X)

Помалиот брат на Луис Хамилтон, Николас успеа да избегне голема несреќа на Силверстон. Тој се натпреварува на Британското првенство за туристички автомобили (ВТСС), и избегна опасна несреќа откако неговиот автомобил се запали.

Во 18-тиот круг на трката која се одржа изминатиот викенд, неговиот автомобил се запали, сепак за среќа Николас беше присебен и го напушти запалениот автомобил.

Николас остана неповреден, но затоа неговиот опожарен автомобил заврши со сериозни штети, па така ова е крајот на сезоната за Николас Хамилтон.

ПретходноПолитано во дресот на Наполи до 2028 година
Следно„Енфилд“ во екстаза: Исак го постигна првенецот за Ливерпул (ВИДЕО)