Реал Мадрид одигра доминантен натпревар и ја совлада екипата на Леванте со 1:4 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Фудбалерите на Чаби Алонсо мокажаа моќ и на крајот убедливо го совладаа Леванте кој беше рамноправен противник само 20-тина минути.
Резултатот го отвори Винисиус со фантастичен погодок во 28-та минута. 10 минути подоцна Вини беше асистент за Франко Мастантуоно кој го постигна својот дебитантски погодок за „кралскиот клуб“. Во второто полувреме Леванте имаше поголема иницијатива и постигна погодок во 54-тата минута преку Ејонг, но Реал набрзина ја врати убедливата предност со двата гола на магионичарот Мбапе во 64-тата и 67-та минута.
Со оваа победа Реал остана на првото место сомаксимален учинок, додека пак Леванте се наоѓа на 16-тото место со само 4 бода.