Де Јонг ќе го продолжи договорот со Барса и за помала плата

24
фото: FC Barcelona (X)

Според „Мундо Депортиво“, Френки де Јонг и Барселона постигнале договор за продолжување на соработката. Де Јонг наводно прифатил и намалување на платата, само за да остане во дресот на Каталонците.

Договорот на Холанѓанецот истекува во летото 2026 година, но каталонскиот клуб не е подготвен да го изгуби. Тој се смета за важен дел од тактичките планови на Ханси Флик, и наводно е презадоволен од својата улога во тимот.

Френки де Јонг е играч на Барселона од 2019 година, кога се пресели во Шпанија од екипата на Ајакс.

Претходно„Енфилд“ во екстаза: Исак го постигна првенецот за Ливерпул (ВИДЕО)
СледноСопственикот на Сампдорија даде ветување пред навивачите: Ќе се вратиме во Серија А до 2028 година!