Милан лесно се справи со Лече и се пласираше во осминафиналето на купот

20
фото: AC Milan (X)

Фудбалерите на Милан ја совладаа екипата на Лече со 3:0 и се пласираа во осминафиналето од италијанскиот куп. Избраниците на Масимилијано Алегри немаа големи проблеми против гостите кои играа со играч помалку од 18-тата минута кога исклучен беше Сиберт.

Резултатот го отвори Хименез со гол во 20-тата минута и со тој резултат екипите заминаа на одмор. Во вториот дел Нкунку во 51-та и Пулишиќ во 64-тата минута ја зацементираа победата на „росонерите“.

ПретходноЛига Куп: Исак и Екитике за победа на Ливерпул, Челзи со пресврт до осминафинале (ВИДЕО)
СледноВини и Мбапе танцуваа, Реал покажа моќ со Леванте