Полувреме: Пелистер – Башкими 0:2, Хаџиќ со два гола блеска против ужасниот домашен состав!

103
ФОТО: KF Bashkimi/FB

Што навистина се случува со Пелистер? По првите 45.минути од последниот меч од 7.коло во ПМФЛ, битолчани дома губат со 0:2 и се на прагот да го забележат четвртиот пораз во низа.

Составот на стратегот Димитар Капинковски одигра ужасно прво полувреме. За разлика од домашните, гостите одиграа како што треба, креираа неколку добри акции, а две од нив преку фантастичниот Недим Хаџиќ завршија со два гола за водство од 0:2 и тоа во 6. и 20.минута.

Дека навистина нешто не е погодено со тактиката, пред се пристапот на домашните, најдобар доказ е фактот дека тренерот на Пелистер во 30.минута направи тројна измена, нешто што е раритет во светот на фудбалот.

Да кажеме дека Пелистер со 0:2 може да биде и среќен, зошто Хаџиќ имаше убава шанса и за хет-трик.

ПретходноУЕФА покрена постапка против Симеоне и Ливерпул за инцидентот на „Енфилд“!
СледноЕвропската одисеја на КК Пелистер продолжува во Загреб!