Пријателски натпревар: Престон го победи Вардар во Скопје

232

Попладнево екипата на Вардар одигра пријателски меч со екипата на Престон Лајонс од Австралија на кој гостите славеа со 4:2.

Мечот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Гостите поведоа со гол уште во 19. минута, по што вардар израмни во 35. Минута преку Спахиу.

Во вториот дел гостите дојдоа до предност од 3:1, по што Вардар со вториот гол на Спахиу од пенал намали на 3:2. До крајот Престон постигна и четврти гол за конечна победа.

Инаку, пред почетокот на пријателскиот меч, капитенот на гостите доби плакета за легендарниот Андон Дончевски, кој е прогласен за почесен претседател на Вардар. Нашите сонародници од Австралија ќе имаат чест и мисија ова признание лично да му го предадат на Чичко Дончо.

ПретходноКејн прави трансфер во Барселона за 60 милиони евра?!
СледноФилип Мирчески ќе го „гаси пожарот“ во Победа