Сопственикот на Сампдорија даде ветување пред навивачите: Ќе се вратиме во Серија А до 2028 година!

32
Фото; US Salernitana 1919 @OfficialUSS1919

Сопственикот на италијанскиот гигант Сампдорија, Џозеф Теј им вети на навивачите на клубот дека ќе ја врати Самп во Серија А до 2028 година.

Сампдорија, која моментално игра во Серија Б, по очајниот старт на сезоната, се соочува со грчевита битка за опстанок и во второлигашкото друштво.

Ова се чини го натера еден од сопствениците на клубот, Џозеф Теј, да испрати порака до загрижените навивачи.

„Досега инвестиравме многу и ќе продолжиме да додаваме ресурси со цел да постигнеме значаен и конкретен напредок што е можно поскоро. Развиваме долгорочна стратегија за оптимизирање на перформансите на тимот. Во исто време, ги поставуваме темелите за враќање на Сампдорија во Серија А до 2028 година. Целосно сме свесни колку беа предизвикувачки последните неколку сезони и го разбираме разочарувањето кај навивачите. Ова е уште една причина зошто ќе работиме уште понапорно на подобрување на комуникацијата со сите наши навивачи“, изјавил сопственикот на Самп.

ПретходноДе Јонг ќе го продолжи договорот со Барса и за помала плата
СледноЛига Куп: Исак и Екитике за победа на Ливерпул, Челзи со пресврт до осминафинале (ВИДЕО)