Македонската репрезентација до 15 години славеше победа од 1:0 против Косово на контролниот меч одигран во Приштина.
Јован Јанчевски во 15. минута го постигна голот за победа на Македонија.
Селекцијата предводена од Горан Станковски сосема заслужено се радуваше на победа. Во текот на мечот имавме неколку прилики и за поубедлив резултат, но не ги искористивме.
Во првото полувреме, Таири и Аврамовски имаа свои неискористени шанси, а голот го постигнавме откако Стојановски упати центаршут, а Јанчевски одлично реализираше.
Во продолжението, Стојановски имаше 100% шанса по соло акција, но поуспешен беше домашниот голман. Алију, Христов и Петков, исто така, се најдоа во прилики, но шутираа покрај голот. Ударот на Таири го одбрани голманот на Косово.
Македонија до 15 години: 1. Марио Стојковски, 2. Хамза Зубери (59’ Амар Незири), 3. Ејман Емини (83’ Јоан Ѓорѓиевски), 4. Давор Танески (63’ Дин Баталоски), 5. Дин Рожајац (73’ Ариан Исаку), 6. Калин Аврамовски, 7. Стефан Стојановски (83’ Филип Богоевски), 8. Васко Трајков (73’ Павел Димоски), 9. Јован Јанчевски (59’ Фисник Амити), 10. Борис Матески (59’ Доротеј Христов), 11. Виган Таири (59’ Драган Петков); селектор: Горан Станковски.
Косово до 15 години: 1. Енгјел Бејтулаху, 2. Ринор Дурмиши (77’ Мал Красниќи), 3. Бленди Малиќи, 4. Лендрит Кодра (64’ Јон Пирева), 5. Енсар Реџепи, 6. Тринт Феризи (62’ Арт Ризани), 7. Гент Становци (62’ Дијели Муниши), 8. Едмонд Арлтати, 9. Ендри Авдиметај, 10. Бленард Морина (45’ Орик Абази), 11. Месуд Зимерии (26’ Дион Тупела);
Вториот контролен натпревар двете селекции ќе го одиграат на 25. септември во 13:00 часот на тренинг центарот “Петар Милошевски”.