Голманот на Шкупи заработи суспензија од три натпревари

247
Фото: Шкупи ФБ

Шкупи во следните три меча нема да може да смета на својот голман, Максимилијан Гроте. На дуелот против Тиквеш, на кој тимот од Чаир беше поразен со 1-0, германскиот чувар на мреж заработи црвен картон. Причината за ова беше неговиот нелогично груб старт надвор од својот шеснаесетник над Садик.

Гроте високо ја дигната нога и со „крампони“ го удри во лице Садик кој падна како „покосен“, а по интервенцијата на судијата Ралевски, и ВАР технологијата, Гроте беше директно исклучен.

За ова доби суспензија од три меча.

ПретходноГотово е: Турците неславно си заминаа од Тиквеш!
СледноНа 87 години почина хрватската тениска легенда