Атлетик Билбао освои само еден бод на домашен терен на натпреварот против Џирона во воведните дуели на 6. коло во Ла Лига. Баскијците одиграа 1:1 против тимот кој се уште нема победа оваа сезона и за кого ова реми беше само второ сезонава за втор бод кој и натаму ги остави на дното на Ла Лига.
Гостите поведоа со голот на Унахи во 9. минута, а Атлетик успеа да израмни во второто полувреме со погодокот на Јаурегизар.
Во вториот вечерен меч, Еспањол во последните секунди на мечот со Валенсија извади реми – 2:2. Тимот на нашиот Столе Димитриевски двапати водеше, но на крајот не успеа да победи. Головите за двете водства на Валенсија ги постигнаа Данџума и Дуро, додека ремито на домашните им го обезбедија Кабрера и Пуадо.
Столе Димитриевски и на овој меч остана на клупата за резерви.