И Нејмар се огласи: “Премногу е смешно Рафиња да биде на 5. место“!

123
ФОТО: SantosFC/FB

Синоќа во театарот “Шателе“ во Париз, по 69-ти пат се одржа гала – церемонијата на доделување на „Златната топка“. Ова признаение е најпрестижното индивидуално во светот на фудбалот. Кој ќе го добие станува “крал“ на фудбалот.

И како што е познато “Златната топка“ замина во рацете на Усман Дембеле, втор заврши Ламине Јамал, додека на третото место заврши Витиња.

Секако дека Рафиња, Бразилецот во нападот на Барселона со право беше споменуван како еден од кандидатите за освојување на ова признание, а заврши како петти, што по малку делуваше како шок за сите во светот на фудбалот.

По ова свој коментар имаше мега – ѕвездата Нејмар, инаку соиграч на Рафиња во селекцијата на Бразил:

Премногу е смешно Рафиња да биде на 5.место“ искоментира на социјалните мрежи напаѓачот на Сантос.

ПретходноТрпчевски ќе им суди на Работнички и Шкендија!
СледноУЕФА покрена постапка против Симеоне и Ливерпул за инцидентот на „Енфилд“!