Лапорта за бојкотот на Реал на „Златната топка“: Нека научат да губат!

76

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, имаше свој коментар на бојкотот на „Златната топка“ од страна на Реал Мадрид.

„Нека прават што сакаат. Ние се грижиме за Барселона. Од почит кон номинираните и организаторите, ќе присуствуваме на церемониите. Така го разбираме спортот. Можеш да победиш, можеш да изгубиш. Мора да можеш да поднесеш и пораз. Имаме среќа што победуваме многу, а губиме малку“, рече претседателот на Барса, за радио Каталонија.

Претходно„На тенисот му треба наследник на Ѓоковиќ“
СледноЕспањол извади реми со Валенсија, Столе и денеска ја грееше клупата