Ливерпул се огласи на социјалните мрежи откако Мохамед Салах заврши разочарувачки четврти на списокот за „Златната топка“.
Ѕвездата на Ливерпул имаше брилијантна сезона со „црвените“ минатата сезона, учествувајќи во 57 од головите на тимот. Иако еден од фаворитите, Салах не присуствуваше на церемонијата за доделување на „Златната топка“.
Ливерпул на церемонијата беше претставен од капитенот Вирџил ван Дајк, голманот Алисон Бекер и менаџерот Арне Слот.
Откако Салах заврши четврти, а Дембеле беше прогласен за најдобар играч во светот, Ливерпул одговори на социјалните мрежи.
„Салах со сезона за воодушевување“, напиша Ливерпул, објавувајќи неколку фотографии од својот играч.
A season to savour from Salah ❤️ pic.twitter.com/skmFTiH45K
— Liverpool FC (@LFC) September 22, 2025