Еден од легендарните тенисери, Џими Конорс, нагласи дека е потребен наследник на Новак Ѓоковиќ. Конорс вели дека ситуацијата на врвот на светот е алармантна.
„Интересно е колку се разликуваат двајцата од другите. Карлос Алкараз и Јаник Синер скокнаа толку далеку што ако не се појави некој нов, ќе ги гледаме истите финалиња одново и одново со години. Алкараз – Синер, Алкараз – Синер, Алкараз – Синер. Практично како што беше во последните осум турнири“, изјави Конорс за „Спортскида“.
Последните три финалиња на Гренд слем турнирите ги играа Алкараз и Синер.
„Младите момци ќе мора да го подигнат своето ниво и тоа го кажувам со најголема почит. Во спротивно, ќе го гледаме истото одново и одново.“
Конорс се потсети на ситуацијата кога Ѓоковиќ се појави на тениската сцена.
„Потоа доминираа Роџер Федерер и Рафаел Надал и одеднаш прво се појавија Новак Ѓоковиќ, а потоа и Енди Мареј. Потоа ситуацијата стана многу повозбудлива. Истото важи и сега, Алкараз и Синер имаат потреба од некој друг. Ѓоковиќ е сè уште таму, исто како во времето на Федерер и Надал, но им треба некој помлад.“
Генерацискиот јаз помеѓу „големата тројка“ и Алкараз и Синер.
„Зверев и Циципас, на пример, мора да побрзаат. Времето истекува за нив. Тие ја имаа големата тројка напред, сега ги имаат Алкараз и Синер зад себе и нивната врата за освојување на Гренд слем брзо се затвора.“