Таткото на Јамал тврди: Нешто чудно се случи, Ламине беше оштетен

139
Фото: fcbarcelona.com

Мунир Насрауи, таткото на првата ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал, е разочаран од исходот на гласањето за најдобар фудбалер во светот.

Ламине беше една од ѕвездите на вечерта, бидејќи повторно беше прогласен за најдобар млад фудбалер, исто како и минатата сезона, а заврши и на високо второ место во изборот за најдобар на светот – зад Усман Дембеле.

Таткото на Јамал, во изјава за „El Chiringuito“, рече дека неговиот син не бил ограбен, но има впечаток дека бил оштетен.

„Тој е најголемиот… Не сакам да кажам дека се случи кражба, повеќе морална штета кон едно човечко суштество. Ламине е најдобриот фудбалер на светот во моментов. Тоа не го велам затоа што ми е син, туку затоа што навистина е најдобар на светот“.

Потоа изрази сомнеж во начинот на кој е избран најдобриот фудбалер на светот.

„Мора да признаеме дека тука се случи нешто чудно. Но следната година е наша. Следната ‘Златна топка’ ќе биде во шпански раце“, сигурен е Насрауи.

Претходно„Додека оди и дише – Јокиќ е најдобриот играч на светот“
СледноГотово е: Турците неславно си заминаа од Тиквеш!