Филип Мирчески е назначен за нов тренер на второлигашот Победа од Прилеп. По заминувањето на Стојанче Дунимаглоски и тренерот на голманите Дејан Кебакоски, прилепчани реагираа веднаш и го поставија 36-годишниот Мирчески за нов тренер на првиот тим.
Мирчески е некогашен капитен на Победа и 11 Октомври, прогласуван двапати за спортист на Прилеп, подоцна тренер во младинската екипа на Победа со која стана шампион на Македонија во сезоната 2021/22, а есента 2023 беше и шеф на Стручниот штаб во сениорскиот второлигашки тим, но и тренер којшто ја водеше генерацијата во Младинската лига на европските шампиони.
Мирчески попладнево го одржа тренингот со сениорскиот тим на Победа, кој во досегашните пет второлигашки меча освои само бод.