Веспрем со цел плен од Букурешт, Алборг сигурен дома

47

Веспрем ја запиша втората победа во Лигата на шампиони, откако на гостински терен кај Динамо Букурешт славеше со 27-30. По изнедначента игра во првото полувреме (15-15), унгарскиот тим кон победата почна да чекори кон средината на вториот дел, во кој успеа да поведе и со пет гола разлика.

Во дресот на Веспрем блескаше Ремили со седум гола, Корлаес запиша 11 одбрани. Кај поразениот состав Лангаро имаше исто толку гола.

Победа број два запиша и Алборг, пред своите навивачи беше подобар од Спортин со 35-30. Триумфот го најави во првото полувреме во кое водеше со 18-12. За португалскиот состав ова беше прв пораз оваа сезона.

Ласен со девет гола беше лидер кај победникот, на другата страна Коста имаше шест погодоци.

ПретходноКоментар на 7.коло: Струга ТЛ и Вардар ГАЗАТ, Шкендија едвај победува, Пелистер има “четири од четири“ ама во порази!
СледноФлик ја потврди најдобрата можна вест за Барселона