ВИДЕОЛОТАРИЈА ГОРДО ГО СЛАВИ УСПЕХОТ: БРОНЗА ЗА МИЛИЈАНА РЕЛИЌ НА ОПЕН Г1

26
фото: MKD Olympic Team (Facebook)

Видеолотарија Касинос Австрија како спонзор, со силна возбуда се радува и се гордее со успехот на Милијана Мила Рељиќ. Со задоволство споделуваме дека најдобрата македонска таеквондистка, членка на клубот Тигар од Скопје и учесничка на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз во 2024 година, Милијана Мила Рељиќ, постигна огромен успех освојувајќи го третото место и бронзениот медал на Опен Г1-турнирот во Варшава.

Нашата најдобра таеквондистка Милијана-Мила Рељиќ, во првото коло ја победи Аида Митровиќ од Австрија со 2-0 во рунди. Во четвртфиналето во многу тесна борба Мила ја победи Хелена Кичема од Хрватска со 2-1 во рунди и со тесен резултат во решавачката 3 рунда од 7:6. Во меѓусебните пресметки со Кичема скорот е 4-1 за Мила. Во полуфиналната борба Рељиќ е сопрена од Чехинката Петра Столбова со 0-2 во рунди. Ова се нови 3,60 поени за Мила, важни за собирање поени за Лос Анџелес 2028.

Следните турнири на кои ќе се натпреварува се во Албанија и во Црна Гора, а најважниот турнир годинава е Светското првенство во Кина од 24 до 30 октомври.

Видеолотарија Касинос Австрија останува посветена во поддршката на спортот и спортските амбасадори што достојно ја претставуваат Македонија. Ќе навиваме за Милијана и сите нејзините идни успеси.

ПретходноДавид Бабунски: Македонскиот фудбал е во добри раце
СледноНа Козјак одржан првиот „Гризли Куп“