Бугарскиот фудбалски сојуз во опширна истрага, и операција која што траеше околу една година суспендираше 46 фудбалери и тренери од првата, втората и третата лига поради обложување на мечеви од минатата сезона.
Националната бугарска телевизија објави дека оваа истрага е спроведена во соработка со националната полициска дирекција, врвен безбедносен орган кај нашиот источен сосед.
Информацијата вели дека голема помош во истрагата дала и агенцијата за приходи која што била на линија цело време со бугарскиот фудбалски сојуз и со полицијата.
Сите 46 фудбалери и тренери се суспендирани и треба да платат казна од по 10.000 лева.
Она што е олеснителна околност за сите инволвирани е дека не се пронајдени докази дека имало облоѓувања на сопствени мечеви. Инаку казните ќе беа драстично поригорозни.