Куп на Македонија -1/8 финале: Второлигашки дуел во Струмица, Шкупи на гости кај Охрид

208

Денеска со два натпревари стартува 1/8 финалето во Купот на Македонија. Во Струмица домашната екипа на Беласица го дочекува составот на Детонит, тоа ќе биде второлигашки дуел за пласман во следната фаза.

Во Охрид истоимениот второлигашки тим ќе го пречека прволигашот Шкупи, тим кој во изминатите седум меча во елитата нема освоено ниту еден бод. Ете шанса за охриѓани да ја прескокнат и оваа пречка и да се пласираа во четвртфиналето.

Се игра по еден натпревар, нема реванши. Победниците од овие два меча одат во 1/4 финалето. Во случај на нерешен резултат после 90.минути нема да има продолженија и веднаш ќе се изведуваат пенали.

Во продолжение можете да го видите целиот распоред за тоа во кои термини се играат останатите мечеви од 1/8 финалето.

ДВОЈКИ – 1/8 ФИНАЛЕ

ДЕНЕСКА – 15 Ч

Беласица – Детонит

Охрид – Шкупи

08.10.2025

Шкендија (А) – Пелистер

15.10.2025

Шкендија – Тиквеш

29.10.2025

Башкими – Силекс

Македонија ЃП – Струга ТЛ

Работнички – Брегалница

Вардар – Новаци

ПретходноГави го оперираше менискусот, ќе мора да паузира до февруари
СледноЕрмедин Адем: Работнички верува дека може до успех против Шкендија