Милан и Интер најдоа и архитекти за новиот стадион, Милано се уште молчи

57
фото: Inter Xtra (X)

Италијанските фудбалски гиганти Милан и Интер ги именуваа архитектите кои ќе работат зад изградбата на новиот стадион на клубовите во Милано.

Двата клуба deneska склучија договор со „Фостер + Партнерс“ и „Маника“ – две меѓународно признати архитектонски фирми кои стојат зад неколку иконски стадионски и градежни проекти низ целиот свет. Новиот стадион ќе биде централен дел од проектот за урбана обнова од приближно 281.000 квадратни метри и ќе има капацитет од приближно 71.500 гледачи. Арената ќе има две големи трибини со стрмен наклон, што ќе обезбеди оптимален поглед од сите седишта.

Планот е стадионот да комбинира иновации, одржливост и пристапност – вклучувајќи делови со попристапни цени на билети. Сепак, проектот сè уште зависи од одобрувањето од страна на Градскиот совет на Милано на таканаречената област „Голема урбана функција Сан Сиро“ пред да можат да започнат првите чекори во фазата на дизајнирање.

ПретходноЧаби израмни уште еден рекорд: Реал само третпат во овој век тргнал со 7 победи по ред
СледноНавивач на Селтик претепан синоќа во Белград (ВИДЕО)