Пелистер вечерва (20:45 часот) на домашен терен го пречекува ГОГ Гудме во рамките на третото коло во Лигата на шампиони. Македонскиот првак зад себе во ова натпреварување победа над Загреб во Битола и пораз од ПСЖ на гостински терен. На другата страна пак противникот има два порази.
Салата „Боро Чурлевски“ на ден пред натпреварот беше распродадена, па ракометарите на Пелистер ги имаат сите услови за да дојдат до нов триумф во најсилното европско клупско натпреварување. Сите во клубот посакуваат победа како подарок за 40-годишниот јубилеј на „Чкембари“.
Противникот има млад тим, кој сака да игра брз ракомет. Па главната задача на сите во Пелистер ќе биде добрата дефанзива.
„ГОГ Гудме има многу млад тим. Секоја година тие или ги продаваат или ги менуваат постарите играчи. Доаѓаат играчи од нивната академија и сите играат ист ракомет. Брзо играат, но мислам дека тоа во среда нема да им биде доволно. Нашата одбрана се надевам дека ќе спречи нивни лесни голови, да не дозволиме полуконтри и контри. Сакам да ги повикам навивачите, заедно да го прославиме нивниот роденден и со победа да го потврдиме напредокот“, изјави Нејц Цехте.
Покрај оваа средба ќе се одиграат уште три меча, но од групата А: Алборг е домаќин на Спортинг, додека Динамо Букурешт го пречекува Веспрем, овие две средби се закажни со почеток во 18:45 часот. Во вечераниот тим покрај Пелистер и Гог, силите ќе ги одмерат и Нант со Колстад.