Почнува новата сезона во Лигата на Европа: Англичаните ќе го (од)бранат трофејот

53

Со првите попладневни дуели, денеска и официјално стартува новата сезона во лигашкиот дел на Лигата на Европа на УЕФА. 55-то издание на натпреварувањето и неговата втора година со обновениот формат воведен минатата сезона, најавува уште една интересна битка за трофејот во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Актуелните шампиони Тотенхем нема да ја бранат својата титула бидејќи нивната победа им обезбеди директно место во лигашката фаза на Лигата на шампионите на УЕФА. Затоа, оваа сезона ќе има нови два англиски премиерлигашки тимови кои секако го задржуваат местото на фаворити во натпреварувањето, но тука се и уште неколкуа трактивни состави кои очекуваат битка за европскиот пехар.

Анализите велат дека Астон Вила е прв фаворит за трофејот во Лигата на Европа оваа година. Некои компјутерски анализи им даваат 23,3% шанси на момците на Унаи Емери да дојдат до големата победа. Емери добро знае како се освојуваат трофеи во ова натпреварување, затоа што зад себе веќе има четири титули со Севиља и Виљареал.

Како втор фаворит оваа сезона се смета Рома (13,0%), додека Лион ем проектиран како трет фаворит со 11,4% шанси за трофејот. Во ТОП 5 листата на фаворити има уште еден англиски премиерлигаш, Нотингем Форест (10,2%), годинава предводен од човекот кој на Тотенхем минатата година му го донесе овој пехар, Анже Постекоглу.

Денеска се игра една половина од дуелите во 1. коло. Фокусот ќе биде на мечевите во Белград и Загреб. На „Маракана“, Црвена звезда го пречекува Селтик, додека Динамо во Загреб е домаќин на Фенербахче. Рома вечерва гостува кај Ница, а интересно ќе биде и на дуелот меѓу Бетис и Нотингем Ф.

ПретходноСе огласи капитенот на Пелистер: Потребна ни е сплотеност и заедништво да излеземе од кризата
СледноПелистер по победа против ГОГ за „Чкембари“ и за Битола!