Прв „кикс“ на Мурињо и веднаш реакции: Не ми се допаѓа ликот зад мониторот на ВАР

134
фото: Tek Yol FENER (X)

Жозе Мурињо синоќа на домашен терен не успеа со Бенфика да го победи Рио Аве во португалскиот шампионатот. По мечот, веднаш реагираше дека е незадоволен од работата на ВАР системот.

За време на натпревар од португалското првенство, судијата Серхио Гељо поништи гол на Бенфика поради прекршок на дефанзивецот на лисабонскиот клуб, Николас Отаменди, откако ги прегледа видео снимките.

„Резултатот е целосно неправеден бидејќи само еден тим сакаше да победи, а другиот сакаше нерешено, но тоа е фудбалот. Не ми се допаѓа кога човекот зад мониторот [асистентот за ВАР Педро Фереира] станува главен лик. Ако голот е поништен затоа што некој го повлекол за дресот… Судијата нема карактер“, рече „Специјалниот“.

ПретходноЕрмедин Адем: Работнички верува дека може до успех против Шкендија
СледноЕкитике се извини за глупоста со црвениот картон: Ме понесоа емоциите!