ТИМ И ИГРАЧ НА 7.КОЛО: Блесок на Хамза во Кратово

119

Во супер – дербито на 7.коло во Кратово, составот на Струга ТЛ успеа да победи со 1:3 на гости кај Силекс. Блескаше целиот тим, но најмногу младинскиот репрезентативец на Македонија, Меметриза Хамза кој во 34.минута го постигна еден од најубавите голови во изминатиот дел од сезоната и тоа од слободен удар за 0:2. Со тој гол Хамза го „скрши“ Силекс а на Струга ТЛ и беше полесно до крајот да дојде до победата.

Токму затоа според “СпортСпорт“ младиот офанзивец на стружани е играч на колото.

Покрај Хамза во тимот на колото од Струга ТЛ се и голманот Анџелети, дефанзивецот Фал и “бомбардерот“ Компаоре.

Покрај нив тука се Сенгор, Бабунски и Мато (Вардар),Тодоров и Наумчевски (Брера), Спахиу (Шкендија), Хаџиќ (Башкими).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

МЕМЕТРИЗА ХАМЗА

Тим: Струга ТЛ

Роден: 09.02.2004

Кариера: Шкендија, Беса, Башкими, Струга ТЛ

ПретходноДали Американците го спасија Израел од исфрлање од натпреварите на УЕФА?! (ФОТО)
СледноКоментар на 7.коло: Струга ТЛ и Вардар ГАЗАТ, Шкендија едвај победува, Пелистер има “четири од четири“ ама во порази!