Австрискиот селектор трипати го оперира глуждот, никако да излезе од болница

16

Селекторот фудбалската репрезентација на Австрија, Ралф Рангник, че мора да остане во болница подолго време. Причината се компликации и инфекција што ја претрпел по неколку операции на глуждот, пишува Дејли Меил.

Проблемите на 67-годишниот германски стручњак започнаа во јуни со рутинска операција на десниот глужд. Сепак, тој повторно беше итно опериран во јули поради компликации, а германскиот весник „Билд“ објави дека минатата недела бил подложен и на трета процедура.

Наводно, Рангник добил болничка инфекција која барала понатамошен третман од специјалистот кој е познат по работата со германски ѕвезди како Мануел Нојер и Џамал ​​Мусијала.

ПретходноСуспендиран стадионот во Чаир, ФК Шкупи пред дисциплинска комисија
СледноЧаби Алонсо: Кога имате квалитетни играчи, сè е многу полесно