Во истрага која траеше една година: Бугарија суспендираше 46 фудбалери поради обложување

36

Бугарскиот фудбалски сојуз во опширна истрага, и операција која што траеше околу една година суспендираше 46 фудбалери и тренери од првата, втората и третата лига поради обложување на мечеви од минатата сезона.

Националната бугарска телевизија објави дека оваа истрага е спроведена во соработка со националната полициска дирекција, врвен безбедносен орган кај нашиот источен сосед.

Информацијата вели дека голема помош во истрагата дала и агенцијата за приходи која што била на линија цело време со бугарскиот фудбалски сојуз и со полицијата.

Сите 46 фудбалери и тренери се суспендирани и треба да платат казна од по 10.000 лева.

Она што е олеснителна околност за сите инволвирани е дека не се пронајдени докази дека имало облоѓувања на сопствени мечеви. Инаку казните ќе беа драстично поригорозни.

ПретходноПМФЛ полувреме: Работнички и Шкендија засега без голови
СледноКуп на Македонија 1/8 финале: Охрид го „преслуша“ Шкупи, Детонит ја елиминира Беласица