Дербито Вардар – Е.Пелистер за 300 и 250 денари

64

Од РК Вардар предмалку објавија дека се пуштени во продажба билетите за претстојниот дуел од домашниот шампионат против Е.Пелистер, кој што се игра во салата Јане Сандански на 1 октомври во 19:00 часот.

Билетите стандардно ќе се продаваат на билетарницата на салата, секој работен ден од 10 до 18 часот (почнувајќи од четврток 25 септeмври).

Цените на билетите се: Блок А2, А3, А5 и А6 – цена – 300 денари, Блок 1, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14, 15, 16 – цена – 250 денари.

ПретходноЧаби Алонсо: Кога имате квалитетни играчи, сè е многу полесно
СледноПМФЛ полувреме: Работнички и Шкендија засега без голови