Екитике се извини за глупоста со црвениот картон: Ме понесоа емоциите!

24
фото: Fantasy Premier League (X)

Францускиот напаѓач од екипата на Ливерпул, Уго Екитике се извини за црвениот картон што го доби синоќа на натпреварот против Саутемптон. Екитике продолжи со добриот почеток во Ливерпул и го постигна победничкиот гол на натпреварот од „Карабао купот“ против Саутемптон.

Сепак, при прославата на голот, тој заборави дека веќе имаше жолт картон, па беше навистина глупаво од негова страна да го соблече дресот и автоматски да добие и втор жолт картон.

Французинот потоа беше исклучен, а доби и критики од менаџерот на Ливерпул, Арне Слот.

„Бев толку среќен што му помогнав на тимот да стигне до уште една победа на нашиот домашен терен во мојот прв натпревар од Карабао Купот. Емоциите преовладаа. Затоа би сакал да му се извинам на целото семејство на Ливерпул. Им благодарам на навивачите кои секогаш нè поддржуваат и на моите соиграчи кои ја донесоа победата“, напиша Екитике на Инстаграм.

ПретходноПрв „кикс“ на Мурињо и веднаш реакции: Не ми се допаѓа ликот зад мониторот на ВАР
СледноШкендија сака триумф над Работнички за да ја продолжи потерата по водечките