Зенит во финалето на ВТБ Супер-Купот, Димитријевиќ блескаше!

50
фото: BK Zenit (X)

Екипата на Зенит за кого настапува Ненад Димитријевиќ ќе игра во финалето во ВТБ Супер-Купот, откако во полуфиналето по голема драма и пресврт го совлада Дубаи со  107-103. Во битката за првиот трофеј оваа сезона Зенит за противник го има тимот на ЦСКА.

Иако се чинеше дека Зенит лесно ќе го загуби мечот, сепак успеа да се врати од негатива од 19 поени (46-65).

На нецели три минути до крајот со тројката на токму на нашиот Димитријевиќ израмни на 96-96 за неизвесна завршница, а потоа успеа да ја сочува минималната позитива до која дојде и заслужено да се радува.

Македонскиот репрезентативец беше втор стрелец во редовите на својот тим, во игра мина нецели 25 минути за кои постигна 23 поени од кои пет тројки од седум обиди, четири скок и осум асистенции.

ПретходноЛЕ: Митјиланд победи по двата кикса на голманот на Штурм, без голови во Солун!
СледноЈетон Беќири: “Не кријам дека не сум задоволен од играта на Шкендија“!