ЛЕ: Арнаутовиќ ја спаси Ц. Звезда од пораз, Динамо Загреб победнички со Фенербахче

0
ФОТО: FK Crvena Zvezda/FB

Вечерва од терминот од 21 часот се одиграа уште седум натпревари во Лигата на Европа. И тоа како интересно беше на “Маракана“ во Белград, каде Ц. Звезда одигра добар меч против Селтик, но на крајот мораше да се задоволи само со реми 1:1.

Шкотскиот гигант поведе со голот на Ихеначо во 56.минута а Марко Арнаутовиќ успеа да израмни во 65.минута.

Во Загреб хрватскиот гигант уште еднаш покажа како треба да се игра во Европа и со 3:1 оствари голема победа против Фенербахче и тоа со двата гола на Бељо, стрелаше и Бакрар во 90+4, за гостите стрелец беше Шимански.

Во продолжение можете да ги видите резултатите и стрелците од сите натпревари:

РЕЗУЛТАТИ 1.КОЛО

БЕТИС – НОТИНГЕМ ФОРЕСТ 2:2

(Бакамбу 15., Антони 85./ Игор 18., 23.)

БРАГА – ФЕЕНОРД 1:0

(Наваро 79./)

Ц. ЗВЕЗДА – СЕЛТИК 1:1

(Арнаутовиќ 65./Ихеначо 56.)

ДИНАМО ЗАГРЕБ – ФЕНЕРБАХЧЕ 3:1

(Бељо 22., 51./Шимански 25.)

ФРАЈБУРГ – БАЗЕЛ 2:1

(Остерхаге 31., Егештајн 57./Отеле 84.)

МАЛМЕ – ЛУДОГОРЕЦ 1:2

(Јонсен 79./Станиќ (п) 8., Биле 24.)

НИЦА – РОМА 1:2

(Мофи (п) 77./Ндика 52., Манчини 55.)

ПретходноПелистер кратко се огласи по пропуштената шанса за совршена роденденска ноќ