Лига Куп: Езе со прв гол за Арсенал, фаворитите без проблеми во следната рунда

0
ФОТО: FC Arsenal/FB

Еберечи Езе вечерва го постигна својот прв гол во дресот на Арсенал. Едно од најголемите засилувања во летниот преоден рок за клубот од Емирејтс, стрелаше во 8.минута на гостувањето кај Порт Вејл во меч од 1/16 финалето во Лига Купот на Англија. Конечните 0:2 беа дело на Тросар во самиот финиш на мечот. Сосема доволно за пласман во 1/8 финалето.

Манчестер Сити со 0:2 славеше кај Хадерсфилд со головите на Фоден и Савињо. Њукасл беше подобар од Бредфорд Сити со 4:1 и тоа со по два гола на Жоелинтон и Осула.

И Тотенхем оди натаму откако го победи Донкастер со 3:0, стрелци беа Палиња, Џонсон и со автоголот на МекГрат.

ПретходноЛЕ: Арнаутовиќ ја спаси Ц. Звезда од пораз, Динамо Загреб победнички со Фенербахче