Се играше 88.минута, резултатот беше 2:2 на “Метрополитано“ во Мадрид, кога Хулиан Алварез со својот трет гол му донесе победа на Атлетико Мадрид против Рајо Ваљекано. По тој гол “експлодираше“ од радост и Диего Симеоне, се радуваше како неговиот тим да ја освоил Лигата на Шампионите.
Конечно “Јорганџиите“ победија во Ла Лига, втор триумф во изминатите шест кола а блескаше Хулиан Алварез со хет – трик, прв во дресот на Атлетико.
Рајо може да жали, во 78.минута имаше водство од 1:2, но Аргентинецот покажа дека е напаѓач од светска класа.
Веќе за три дена Атлетико се среќава со Реал Мадрид и тоа на “Метрополитано“.
На вториот меч вечерва Сосиедад со голот на Ојарзабал во 49.минута успеа да го победи составот на Мајорка.