Само што дојде, веднаш ги искажува своите квалитети. Станува збор за нашиот младински репрезентативец Мартин Ѓорѓиевски кој пред неколку дена направи трансфер од Брера во Збројовка Брно, клуб од Чешка.
А денеска македонскиот интернационалец во третата рунда во Купот на Чешка постигна убав гол за својот тим во 13.минута за водство од 1:0 против Теплице.
На крајот тимот на Ѓорѓиевски победи со 2:1 и се пласира следната фаза.