Пелистер не успеа да стави „јагода на шлагот“ на прославата на „Чкембари“ по повод нивниот 40-ти роденден. Иако на почетокот се чинеше дека македонскиот првак е на добар пат да го победи ГОГ Гудме, сепак брзо ја „прокоцка“ позитивата од пет гола, а потоа влезе во ритамот на данската „машина“.
Болката е уште поголема што атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ уште еднаш беше неверојатна, трибините беа исполнети до последното место, а навивачката група „Чкембари“ имаше организирано посебни транспаренти.
По деулот од третото коло од Лигата на шампионите од таборот на македонскиот првак се огласија кратко: Пораз од кој треба да извлечеме многу поуки…