Се огласи капитенот на Пелистер: Потребна ни е сплотеност и заедништво да излеземе од кризата

32
фото: FC Pelister Bitola (Facebook)

По последниот пораз од Башкими, се запали „црвеното светло“ во екипата на Пелистер. Денеска капитенот на „зелено-белите“, Мирко Ивановски се обрати со изјава пред навивачите и симпатизерите на клубот.

„Како капитен сочувствувам со нашите навивачите во овој тежок момент за нашиот клуб и чувствувам потреба да им се обратам. Неочекувано западнавме во кризен период на игра и резултати и потребна ни е сплотеност и заедништво да излеземе од кризата. Се соочуваме со проблеми од разен тип, меѓу нив и повреди, но ако сме сите заедно верувам дека ќе излеземе од негативниот момент. Очекувам поддршка за оваа млада екипа, затоа што сезоната е долга, а во неа имаме многу цели за исполнување. Сакам да им го честитам почетокот на прославата на 40-годишнината на навивачката група „Чкембари“ и ветувам подобри денови. Овој роденден се поклопува со 80-от роденден на нашиот клуб и убеден сум дека заедно ќе славиме сезонава”, објави Ивановски.

Пелистер по 7 кола во домашниот шампионат има само две победи и се наоѓа во „црвената зона“.

 

ПретходноШкендија сака триумф над Работнички за да ја продолжи потерата по водечките
СледноПочнува новата сезона во Лигата на Европа: Англичаните ќе го (од)бранат трофејот