ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бледи Шкемби (Струга ТЛ)

30
ФОТО: FC Struga/FB

И повеќе од јасно е кој тренер на ова 7.коло во ПМФЛ. Кога ќе се победи Силекс среде Кратово и тоа во меч меѓу аспирантите за титулата, тогаш јасно е дека тие 1:3 и тоа како за право му даваат на “СпортСпорт“ да го прогласи стратегот на Струга ТЛ за тренер на колото.

Стружани под водство на Бледи Шкемби потсетува на оние стари, шампионски денови. Овој тим е лидер на табелата, има шест победи и само едно реми во изминатите седум кола, а што е поважно игра крајно дисциплинирано и на резултат, а знае кога ќе затреба и да одигра крајно офанзивно.

Струга ТЛ има добар тим клупата е “долга“, има одличен стратег, значи ги има сите предуслови да ги оствари амбициите оваа сезона, а тие се најмалку пласман во Европа.

ПретходноВАР потврди: Голот на Шкендија е регуларен (ВИДЕО)
СледноФОТО НА КОЛОТО: Битка до последен здив на “Соседското дерби“