Чаби Алонсо: Кога имате квалитетни играчи, сè е многу полесно

31

Екипата на Реал Мадрид забележа убава и пред се квалитетна победа над Леванте во рамките од новото коло во Примера. Избраниците на Чаби Алонсо покажаа завидно ниво на квалитет и реализација, што секако е добро ако се знае дека сезоната е на самиот почеток, а екипата на очекуваат уште многу предизвици.

„Тукушто го завршивме натпреварот и размислував само за него, а од утре ќе размислуваме за дербито. Винисиус одигра одлучувачка и многу важна улога“, рече Чаби Алонсо.

„Во фаза сме на развој и градење на играта. Поминаа неполни два месеци, имаме долг пат пред нас. Продолжуваме да создаваме солидна основа за да бидеме конкурентни во Лигата на шампионите, Ла Лига и Купот на кралот. Многу играчи се чувствуваат посветени и тоа е важно“, – констатира стратегот на „Кралевите“.

„Сè уште има простор за подобрување. Има работи што можеме да ги направиме подобро. На вистинскиот пат сме – и во однос на резултатите и во начинот на кој работиме. Ова е само почеток и сакаме да продолжиме успешно да се натпреваруваме“, додаде Чаби Алонсо.

ПретходноАвстрискиот селектор трипати го оперира глуждот, никако да излезе од болница
СледноДербито Вардар – Е.Пелистер за 300 и 250 денари