Селекторот фудбалската репрезентација на Австрија, Ралф Рангник, че мора да остане во болница подолго време. Причината се компликации и инфекција што ја претрпел по неколку операции на глуждот, пишува Дејли Меил.
Проблемите на 67-годишниот германски стручњак започнаа во јуни со рутинска операција на десниот глужд. Сепак, тој повторно беше итно опериран во јули поради компликации, а германскиот весник „Билд“ објави дека минатата недела бил подложен и на трета процедура.
Наводно, Рангник добил болничка инфекција која барала понатамошен третман од специјалистот кој е познат по работата со германски ѕвезди како Мануел Нојер и Џамал Мусијала.