Денеска со два натпревари стартува 1/8 финалето во Купот на Македонија. Во Струмица домашната екипа на Беласица го дочекува составот на Детонит, тоа ќе биде второлигашки дуел за пласман во следната фаза.
Во Охрид истоимениот второлигашки тим ќе го пречека прволигашот Шкупи, тим кој во изминатите седум меча во елитата нема освоено ниту еден бод. Ете шанса за охриѓани да ја прескокнат и оваа пречка и да се пласираа во четвртфиналето.
Се игра по еден натпревар, нема реванши. Победниците од овие два меча одат во 1/4 финалето. Во случај на нерешен резултат после 90.минути нема да има продолженија и веднаш ќе се изведуваат пенали.
Во продолжение можете да го видите целиот распоред за тоа во кои термини се играат останатите мечеви од 1/8 финалето.
ДВОЈКИ – 1/8 ФИНАЛЕ
ДЕНЕСКА – 15 Ч
Беласица – Детонит
Охрид – Шкупи
08.10.2025
Шкендија (А) – Пелистер
15.10.2025
Шкендија – Тиквеш
29.10.2025
Башкими – Силекс
Македонија ЃП – Струга ТЛ
Работнички – Брегалница
Вардар – Новаци