Тренерот на Барселона, Ханси Флик, денес потврди дека Ламин Џамал ќе се врати во тимот за викендот.
Натпреварот во Овиедо е прерано за негово враќање на теренот, но затоа тој ќе биде во поставата против Реал Сосиедад во недела, исто како и Алехандро Балде.
„Jамал и Балде се опоравија и тренираат со тимот, но натпреварот со Овиеда е сè уште прерано за нивно враќање. Ќе сметаме на нив во недела“, рече Флик.
Од синоќа е познато дека Пабло Гави ќе мора да паузира до пет месеци бидејќи повредата на коленото е многу посериозна, додека Фермин Лопез ќе се врати по октомвриската пауза.
Најважно во моментов е што и Ламинe Jамал и Алехандро Балде ќе бидат подготвени за големото дерби со Пари Сен Жермен, кое е закажано за 1 октомври.










