Екитике ќе биде „олеснет“ за 500.000 фунти

107

И тоа директно од неговиот клуб Ливерпул. Зошто? Поради глупоста што ја направи за време на мечот од третото коло од Лига купот против тимот на Саутемптон кој „Редси“ го добија со 2:1.

Екитике постигна гол, го соблече дресот за да прослави, а со оглед на фактот што веќе имаше опомена, жолт картон, судијата автоматски му додели втор и го исклучи.

Гневот е огромен, јавноста и навивачите го осудија, а клубот му „пресуди“. Ќе биде казнет со двонеделна плата, која што во случајов на Етиките е цели половина милион фунти.

И самиот менаџер на Ливерпул, Арне Слот се сложи со мислењето на јавноста дека потегот е глупав, и дека Екитике заслужува критики.

 

ПретходноАталанта ќе игра на „New balance“ Арена
СледноАврамовски двоен стрелец за Сиваспор