Ни Трамп нема да им помогне: УЕФА сепак ќе ги суспендира Израелците! (ФОТО)

289
ФОТО: Screenshot

Иако се чинеше дека нема ништо од тоа, сепак последните информации, кои попладнево ги лиферуваат најпознатите светски медиуми, пред се “Тајмс“, пренесуваат дека УЕФА и тоа како има намера да ги суспендира репрезентацијата на Израел и клубовите од своите натпреварувања и тоа поради настаните во Газа.

Се вели дека на почетокот од следната недела ќе се одржи седница на ИК на УЕФА на кој ќе има гласање, а ако дојде до тоа тогаш јасно е дека на Израел ќе му се воведат санкции, исто како и на рускиот фудбал поради агресијата на таа земја врз Украина.

Инаку “Тајмс“ овие информации ги пренесува со назнака дека тие се од врвот на УЕФА.

Ова значи дека бадијата се фалеа Израелците дека дипломатијата на Доналд Трамп завршила или ќе заврши работа.

ПретходноАврамовски двоен стрелец за Сиваспор
СледноПријателска: Пелистер ги победи „Лавовите“ од Австралија!