Одбраната на титулата во Првата женска лига за Јанта Волеј КВ започнува во Битола

27

Одбојкарките на Јанта Волеј КВ одбраната на шампионската титула во Првата женска лига ќе ја стартуваат во Битола, откако ждрепката на редните броеви за новата натпреварувачка сезона, одлучи за прв противник да им го додели новиот прволигаш Пелистер Волеј.

Бранителот на Куп-пехарот, Наковски Волеј, пак, на домашен терен ја отвора сезоната со уште еден „новајлија“ Газели Волеј. Финалистот во плеј-офот Работнички Скопје на стартот се соочува со Струмица жени, додека останатите две двојки се Ускана Волеј и Вардар ЕМ, односно Младост УГД и Фит Фан Волеј.

Првенството во Првата лига – жени стартува на 11 октомври, а почетокот и крајот на сезоната се дефинирани од ФИВБ и ЦЕВ според нивните календари на одржување на СП 2025, односно ЕП 2026.

Според Пропозициите за натпреварување, дамите во есенскиот дел од сезоната играат двокружен бод систем, дома – гости. По комплетирањето на лига натпреварувањето првите осум екипи играат во четвртфиналето од плеј-офот во два добиени натпревари, од кои ќе се добијат полуфиналистите од првенствениот плеј-оф, односно екипите кои ќе играат за шампионскиот пехар.

Екипата која ќе заврши на деветтата позиција на табелата игра бараж со второпласираниот тим во Втората лига жени за опстанок во прволигашкото друштво. Последнопласираната екипа во првенството, пак, во следната натпреварувачка сезона ќе се натпреварува во Втората лига.

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ, СЕЗОНА 2025/26

1.КОЛО, ДВОЈКИ:

Пелистер Волеј – Јанта Волеј КВ

Ускана Волеј – Вардар ЕМ

Наковски Волеј – Газели Волеј

Младост УГД – Фит Фан Волеј

Работнички Скопје – Струмица жени

ПретходноПријателска: Пелистер ги победи „Лавовите“ од Австралија!
СледноРио Нгумоа потпиша професионален договор со Ливерпул