Аврамовски двоен стрелец за Сиваспор

50

Не му требаше премногу време на Даниел Аврамовски да се наметне во неговиот нов клуб, тимот на Сиваспор. Во само третиот стартуван меч, популарниот Цујо денеска против тимот на Адана, постигна два гола. Фантастичната изведба на нашиот интернационалец е само доказ за тоа дека Сиваспор не погреши со неговото доведување. Аврамовски и тоа како добро ја познава турската лига, било да е таа Суперлигата или пак онаа од понискиот ранг, каде што во моментов е Сива. Ова е негов четврти клуб во Турција, по Кајсери, Болу и Игдир. Асистент на вториот гол на Аврамовски беше нашиот втор интернационалец во овој тим, Валон Етеми.

Аврамовски одигра еден час на овој меч, кој сеуште е во тек, и беше заменет во 63. минута. Болуспор веќе води и со 3:0 на двесетина минути до крајот.

 

ПретходноЕкитике ќе биде „олеснет“ за 500.000 фунти
СледноНи Трамп нема да им помогне: УЕФА сепак ќе ги суспендира Израелците! (ФОТО)